Скопјанец повикан на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа

Од:

Скопјанец е повикан на информативен разговор во полиција поради коментар на „Фејсбук“ кој содржи говор на омраза во врска со настраданите во автобуската несреќа во Бугарија.

Неофицијално, тој се правдал дека бил во алкохолизирана состојба кога го напишал спорниот коментар.

„Денеска (26.11.2021) од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, по извршени оперативни проверки и активности, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје извршен е информативен разговор во полициска станица со В.Е. од Скопје, поради основи на сомнение дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза.

Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на РСМ, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје“, велат од МВР.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он