Скопјанец осомничен за посредување во вршење проституција

Од:

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде М.Ѓ.(47) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „посредување во вршење проституција“.

Во периодот од од 28.06 до 14.10.2014 година, пријавениот откако се запознал со оштетената ја ангажирал за делење рекламен материја и по сексуален однос со неа, почнал да ја уценува дека има снимки од сексуалниот чин и ја принудувал да имаат сексуални односи. Подоцна ја вработил во негов колонијал и врз основа на закани дека ќе ги покаже видео снимките од сексуалниот чин на нејзините блиски, а воедно прикажувајќи и дека ќе ја заштити од трето лице кое има намера да ја грабне и силува, во наведениот период со употреба на сила и сериозни закани ја врбувал и поттикнувал да дава сексуални услуги на клиенти, во стан кој бил во сопственост на неговиот брат.

За услугите, соопшти денеска МВР, биле наплаќани парични средства во висина од 1.000 до 2.000 денари. По извесно време, кога оштетената сакала да се откаже од давањето сексуални услуги, пријавениот физички ја нападнал нанесувајки и повреди по целото тело.

Настанот од страна на оштетената е пријавен СВР Скопје по што се преземени сеопфатни мерки и активности и врз основа на судска наредба од Основен Суд Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени повеќе докази  и тие се одземени за понатамошна постапка.

Извршен е службен разговор со пријавениот, како и со лица кои ги користеле сексуалните услуги на оштетената, а за кои му плаќале на пријавениот.

Инаку, во изминатиот период против М.Ѓ. се поднесени повеќе кривични пријави во врска сторени кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“, „измама“, „силување“, „фалсификување пари“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски