Скопјанец обвинет за разбојништво во обложувалница

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против скопјанец за разбојништво во обложувалница.

Обвинетиот 28-годишник, на 20.09.2019 година влегол во обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, носејќи кујнски нож со сечиво од 15 сантиметри во десната рака. На оштетениот вработен во обложувалницата му се заканил и побарал да му ги даде парите. Вработениот се исплашил и ги отворил фиоките, ги извадил парите и му ги ставил во ќесата што ја носел обвинетиот. По ова, обвинетото лице го напуштило објектот со прибавена противправна имотна корист од 15.000 денари, а билo лишенo од слобода два месеци подоцна.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор и тоа по три основи: опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетениот и веројатност да го повтори делото што му се става на товар.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма