Триесетгодишен жител на Скопје денеска е уапсен поради сомнение дека противправно задржал девојка од Охрид во викендичка во струшко, во која претходно двајцата заедно провалиле, соопшти полицијата.
„Денеска полициски службеници од ОВР Струга го уапсија Ж.В.(30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19- годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила“, велат од МВР.