Скопјанец направил сообраќајка и избегал, подоцна со колата удрил полицаец и пак бегал

Од:

Возач од Скопје вчера попладне предизвикал сообраќајна несреќа во градот, по што избегал од местото. Откако подоцна тој и неговиот совозач биле запрени од полицијата, дрскиот возач со автомобилот удрил еден од полицајците и повторно избегал, соопшти МВР.

„На 22.07.2021 околу 17.00 часот на ул.„Пере Тошев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје запреле патничко возило „фолксваген голф“, со словенечки национални ознаки за кое добиле сознанија дека направило сообраќајна незгода на бул.„Никола Карев“ и го напуштило местото. Притоа, полициските службеници го лишиле од слобода совозачот В.Е.(43) од Скопје, додека возачот Р.Р.(45) од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа