Скопјанец му се заканувал на Стевчо Јакимовски дека ќе го убие, одел кај него дома и го вознемирувал семејството

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.

Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста.

Би можело да ве интересира

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Карпош доби нова административна зграда

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките во Карпош