• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Скопјанец лажно пријавил разбојништво

by А1он03/05/2014 - 14:08159
Share0

СВР Скопје, Отсек за разбојништва, поднесе е кривична пријава против лицето И.С. (18) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување“.

Добивај вести на вибер

И.С. на 11 април во Полициската станица во Драчево пријавил дека на тротоарот од улицата „Живко Фирфов“ во близина на маркетот „Стокомак“ бил жртва на „разбојништво“ при кое му бил одземен еден паричник во кој имало 35.000 денари, (доверени пари од дневен промет од продавницата „Вимбо Комерц“) и два мобилни телефони, иако знаел дека пријавеното кривично дело не е сторено. Тој со намера да ги присвои доверените пари за себе, во Полициската станица во Драчево поднел Записник за примање пријава, со што сторил кривично дело лажно пријавување на кривично дело.

Со цел да се утврдат наводите на пријавениот И.С., полицијата извршила оперативни проверки, при што било утврдено дека кривичното дело „разбојништво“ не е извршено, а доверените пари од дневниот промет И.С. ги задржал за себе, односно противправно ги присвоил и ги сокрил во неговата соба од семејната куќа, со намера подоцна да ги потроши за свои лични потреби. На наков начин тој сторил кривично дело „затајување“, а со цел да го прикрие извршеното кривично дело истиот ден во ПС „Драчево“ лажно пријавил дека му е извршено кривично дело „разбојништво“.

На 11 април полицијата извршила службен разговор и со И.С. пришто тој го признал делото, и појаснил дека лажно пријавил кривично дело со цел да ги присвои доверените пари, а мобилните телфони имал намера да ги чува дома некое време и потоа пак да ги користи.

Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот одземени се 35 банкноти од по 1.000,00 денари и истите со потврда за вратени предмети му се вратени на сопственикот на продавницата „Вимбо Комерц“.

mvr

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен