Скопјанец лажно пријавил дека бил ограбен

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 29-годишниот скопјанец Ј.Ј. кој на 2 мај лажно пријавил дека тој ден околу 16.30 на паркинг зад НЛБ Тутунска банка на ул. „Водњанска“ бил ограбен и дека му биле одземени ташна, документи и паричник со 200.000 денари кои претходно ги подигнал од банката.

По налог на истражен судија, банката обезбедила документ со кој се потврдило дека Ј.Ј. на 2 мај кај нив не извршил никаква транскација и не подигнал 200.000 денари. Со видеозаписот на безбедносните камери на банката, исто така, било потврдено дека Ј.Ј. не бил во банката.

Во службен разговор со полицијата Ј.Ј. признал дека не подигнал и не му се украдени пари. – Лажно пријавил со цел да не ја разочара неговата болна мајка, бидејќи претходно ја излажал дека станот го издал на странци за висока кирија и дека парите кои ги зел од киријата и кои наводно ги подигнал од банката му ги украле, соопшти МВР.

Ј.Ј. досега не бил сторител на кривично дело и не е заведен во полициската крим-евиденција.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп