СВР Охрид по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна кривична пријава против Ш.Н.(66) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека е извршител на повеќе кражби кои ги сторил во периодот од јануари до мај оваа година во повеќе хотели во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.500 евра.
Серијата кражби приведеното лице ги започнал во јануари оваа година при што во неколку хотели во Охрид искористувајќи го невниманието на туристите им одземал чанти во кои имало паричници, мобилни телефони, кредини картички, видео камера, фото апарат и лични документи.
Одземените предмети Ш.Н. ги продавал на „Бит-пазар“ а патните исправи, документите и лични предмети ги фрлал во контејнер или по пат за Скопје.