Скопјанец киднапиран на патот Охрид – Струга

Од:

Маж и жена претпладнево некаде околу 11:30 часот биле нападнати од непознати лица на патот измеѓу Охрид и Струга. Откако застанале со своето возило, неколку непознати лица се упатиле кон нив, по што ги нападнале. По нападот, машкото лице е на сила внесено во друго возило и одведено во непознат правец.

Физичкиот напад врз машкото и женското лице ни ги потврди портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски. Димоски додаде дека машкото лице по нападот насилно е внесено во едно возило и со голема брзина возилото го напуштило местото упатувајќи се кон Струга.

А1он дознава дека мажот и жената не биле во брачна врска и дека биле од Скопје. Полицијата се уште трага по киднапираното машко лице и работи на расчистување на случајот.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски