Скопјанец ја вознемирувал поранешната девојка, кога го приведувале мајка му ги нападнала полицајците

Од:

41-годишен скопјанец е приведен затоа што ја вознемирувал поранешната девојка информираат од Министерството за внатрешни работи.

-На 01.11.2022 во 03.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.В.(41) од Скопје, затоа што околу 02.45 часот ја вознемирувал неговата поранешна 26-годишна девојка од радовишко село. При приведувањето, неговата мајка Л.В.(75) од Скопје се однесувала агресивно и ги попречувала полициските службеници во вршење на службеното дејствие се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари