А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопјанец измамил 18 граѓани – им ги купил колите преку неактивни фирми и не им ги платил

by А1он11/04/2019 - 12:0811/04/2019 - 12:301272
Share0

Во Кривичниот суд во Скопје со сведочење на двајца оштетени продолжи рочиштето за измама во предметот каде што биле измамени 18 граѓани кои ги продале возилата, а не им биле платени.

Добивај вести на вибер

Прв пред судечкиот совет со кој претседаваше судијата Ѓоко Рисров, сведочеше оштетениот Арсен Арсовски кој рече дека објавил оглас на интернет дека продава возило марка “мини-купер”. На огласот се јавил обвинетиот Авдиљ Љимони и му дал 600 евра како капар за да го купи возилото. Љимони му ветил дека другиот ден ќе уплати 5000 евра на сметка, но тоа не се случило. Завериле договор за купопродажба на нотар, но оштетениот забележал следниот ден дека нотарот го заверил договорот со истечена лична карта на купувачот Љимони.

„Утредента не се јавуваше. Се јави по 3 часот и рече дека е по банки и дека следниот ден до 20 часот ќе ги уплати парите на мојата сметка. Потоа се јави брат му Фатмир за да ми каже дека ќе се исплатат парите, да не паничиме. Средства немаше и пријавив во полиција”, рече Арсовски.

Според обвинението на скопското Обвинителство, во периодот од мај до јули 2018 година, обвинетиот Авдиљ Љимони од Скопје ги довел во заблуда и измамил 18 граѓани претежно од Тетово и Струмица.

Обвинетиот Љимони преку јавни огласи наоѓал физички лица кои нуделе на продажба моторни возила. Откако ќе исконтактирал ги довел во заблуда дека треба да купи автомобил за фирмите, склучувал и заверувал договори за купопродажба, каде што како купувач се јавува тој, ополномоштен од фирми што немале банкарска сметка или биле неактивни.

По склучувањето на договорите, обвинетиот лажно им прикажувал на оштетените дека купопродажната цена ќе ја исплати истиот т.е. следниот ден, но тоа не се случило. Вкупната предизвикана штета во случајот е 7 милиони и 696 илјади денари или приближно 125 илјади евра. Љимони купил возила марка „БМВ“, „Опел“, „Мини-купер“, „Ауди А3“, „Форд“…

Васко Маглешов

izmamakrazba

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Горан Наумовски01/04/2026 - 12:38

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Горан Наумовски31/03/2026 - 16:16

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски31/03/2026 - 15:2431/03/2026 - 15:28

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он28/03/2026 - 14:28

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски07/03/2026 - 12:1307/03/2026 - 12:14

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Горан Наумовски26/02/2026 - 10:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто