Скопјанец измамен за девет илјади денари

Од:

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје, 80-годишниот Љ.К. од Скопје пријавил дека на улицата „Благоја Стефковски“ бил измамен од две лица за сума од 9.100 денари.

Како што информира МВР, едното лице се претставило дека е македонски државјанин и му кажало дека другиот е странец е дека направиле сообраќајна незгода.

Според пријавеното, македонскиот државјанин му побарал пари за да ги провери парите на странецот дали се оригинални, а кои му ги давал за оштета. Како што е пријавено, откако им ги дал парите лицата побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он