Скопјанец измамен и оштетен за 12 илјади денари

Од:

Шеесет и четиригодишен скопјанец вчера во близина на паркот покрај ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин” во Скопје бил измамен од две лица и оштетен за 12.000 денари. Измамениот Р.У. случајот го пријавил случајот во полиција.

Измамата, соопшти МВР, сторителот ја извршил на тој начин што додека оштетениот заедно со својата сестра од Струга, се движеле во близина на паркот, во еден момент им пришло машко лице на возраст од 50-60 години и им кажало дека има сопруга која била болна и се наоѓала во возило зад зграда во непосредна близина. Истовремено го прашал оштетениот дали знае некој странски јазик односно германски, бидејќи со него имало едно машко лице дојдено од Кувајт, кој исто така имал болна жена сместена во болница во Косово, а сега требало да оди во болница во Скопје, каде му било кажано дека за лекување на неговата сопруга требало да даде 5.000 евра.

Наводниот кувајќанец кажал дека не ги познавал еврата (како валута) ниту имал толкава сума и според натамошното „објаснување“ на измамникот, имал златен часовник кој вредел 5.000 евра.

Во меѓувреме се појавило и другото машко лице на возраст од 40 години кој се претставил дека е од Кувајт и од паричникот извадил часовник-жолта боја и му го дал во раце на Р.У. притоа му побарал 200 евра за да го увери докторот дека има евра, а потоа за половина час ќе се врати за да си го земе часовникот. По ова двете лица заминале во непознат правец. Оштетениот откако поминале 30 минути и двете лица не се вратиле, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма