Скопјанец испил алкохол и солна киселина и паднал во Вардар

Од:

Педесет и петгодишен скопјанец вчера од случајни минувачи бил изваден од реката Вардар и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на Токсикологија во Ургентниот центар Скопје.

Како што соопшти МВР, вчера во 19:45 часот во Полициската станица Карпош медицинска сестра од ИМП пријавила дека на телефонскиот број 194 примиле пријава дека непознато лице паднало во Вардар, во близина на одбојкарското игралиште.

Од извршените проверки било утврдено дека се работи за Р.К. (55) од Скопје кој испил поголема количина алкохол и солна киселина. Р.К. од случајни минувачи бил изваден од реката и со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје-Токсикологија.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип