Скопјанец двапати ограбил иста обложувалница, однел 5.600 евра

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – разбојништво.

Осомничениот 31-годишник, во два наврати на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените кои во моментот биле на смена, ограбил иста спортска обложувалница. Првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат од сефот одзел 244.470 денари.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и веројатност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип