Ски-сезоната на Попова Шапка почнува утре

Од:

Со целодневно бесплатно ставање функционирање на ски-лифтовите, Попова Шапка утре ја отвора скијачката сезона. Работата на ски-лифтовите ќе почне од 9.00 часот, најавуваат од ски-центарот.

Поради пропаднатата ланска сезона, сезонските билети од минатата година ќе важат и оваа скијачка сезона, а останатите билети остануваат со иста цена. Новина е можноста за туристички разглед со снеготапкач, велат од ски-центарот.

-Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе бидат ставени жичарниците „Св. Илија“ и „Церипашина“ и ски – лифтовите „Аеродром“ и „Ге“, информираат од Попова Шапка.

Дневниот билет, кој важи од 9 до 15:30 часот, ќе се продава по цена од 1.000 денари, додека полудневниот билет, кој важи од 12 до 15:30 часот, е 700 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, е 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари. Новина е можноста за туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час, велат од ски центарот.

Сите што имаат лански сезонски ски-билети треба да отидат во хотелот „Попова Шапка“ за да им бидат активирани и ставени во функција.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Попова Шапка утре официјално ја отвора скијачката сезона

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка