Скандал: Возачот кој прегази девојка, по распитот е пуштен на слобода

Од:

Возачот на Хондата, кој синоќа ја усмрти 20-годишната студентка Фросина.Ц., и покрај тоа што избегал од местото на несреќата, по распитот во полициска станица е пуштен на слобода, објави Канал 5.

Љ.Б 26-годишен скопјанец, според објаснувањето од истрагата, не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело. Исклучок има освен во ситуации ако возачот е странец или пак ако има сомневање дека може да избега.

DSC_0026

На 26-годишниот скопјанец му е земен примерок од крв и урина за да се провери дали бил под дејство на алкохол или наркотици, а Хондата е пратена на технички преглед.

20-годишната студентка Фросина.Ц од Крива Паланка е жртвата на сообраќајната несреќа кај Универзалната сала во Скопје. Таа околу 20 часот и 50 минути загина на лице место откако во неа удри возило Хонда, кој го управувал Љ.Б, кој возел со огромна брзина.

frosina-soobrakajka1

Порталот Кривапаланкаинфо пренесе АПЕЛ до граѓаните и гостите на Крива Паланка да ја сопрат музиката во кафеаните и дискотеките во знак на жалост за нивната сограѓанка.

Во апелот се наведува дека прегазувањето со брзина на автомобилот со 160 км на час на пешачки премин не е несреќа, туку убиство.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата