Скандал во Свети Николе со лични карти

Од:

Револтирани матуранти од Свети Николе се јавија во редакцијата на А1он. Укажуваат на нов скандал во врска со ажурирање и издавање на лични карти.

Околу шеесет младинци средношколци од Свети Николе кои станале полнолетни, по телефон од штабот на ВМРО-ДПМНЕ биле повикувани да се јават во полициската станица во Свети Николе, за да им биде издадена лична карта.

На матурантите им биле однапред платени трошоците за издавање на личните карти, а доколку не го сторат тоа биле уценувани во врска со нивниот успех во училиштето.

Таквите лични карти од страна на поединци од службите биле фотокопирани и фотокопиите биле предавани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа востановено е евиденција и контрола за идните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, велат уценетите млади луѓе кои заради заштита побараа нивниот идентитет да не се обелодени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ