СКАНДАЛ: Без кворум власта се обиде да го „протне“ Деловникот

Од:

Без опозиција, но и без кворум во Комисијата за мандатно имунитетни прашања, власта сакаше да го „протне“ новиот Деловник.

Ане Лашковска, Влатко Ѓорчев, Трајчо Димков и Александар Николовски, беа во салата, но и нивните заменици Диме Маџосвски и Васко Пашкоски. Не беше опозицијата, но и Ермира Мехмети и нејзиниот заменик.

Замениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа неместо СДСМ и ДУИ. Тоа за Николовски, претседателот на Комисијата било дозволено, и ќе поминеше без проблем, да не беше Изет Зеќири.

„Ова е скандалозно. Вие без кворум ја отворивте седницата и гласавте за дневниот ред. На седницата се присутни членови на комисија од ВМРО-ДПМНЕ и заменици, исто од ВМРО-ДПМНЕ. Заменик член може да смени член само од своја партија, не може заменик член од ВМРО-ДПМНЕ да менува член од друга партија или од опозицијата како што е случајот овде“, рече Изет Зеќири од партијата на Руфи Османи.

Тој ја оспори комплетно работата на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска