Скаловски: ДОМ нуди проекти за зелено Скопје

Од:

Воведување функција градски архитект и градски совет на архитекти, донесување зелен катастар и воспоставување кластер за зелен град, се дел од проектите кои ги промовира денеска носителот на зелената советничка листа на ДОМ Денко Скаловски.

Тој укажа и на потребата од донесување закон за зеленило во Собранието, што го иницира ДОМ минатата година.

Зелениот катастар, појасни, е проект за евиденција и заштита на постојните зелени површини во Скопје преку кој ДОМ ја искажува категоричната заложба за зголемувањето на зелените површини (дрвореди, паркови) по глава на жител. Со воведување на функцијата градски архитект, пак, ќе се овозможи носење урбанистички решенија во Скопје, кои ќе бидат по мерка на неговите граѓани, рече Скаловски, истакнувајќи дека преку зелените проекти што ги нуди ДОМ се залага за зелено Скопје.

ДОМ најави дека преку Советот на Град Скопје ќе работи и на замена на сегашниот јавен транспорт со поекономични и еколошки поодржливи превозни средства во градот, намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 20 проценти до 2020, одржливо управување со отпадот, дислокација на старите депонии со опасен отпад од напуштените и активните индустриски капацитети, задолжително еколошко образование во основното и средното образование. Ветуваат и  реконструкција на сите училишта заради зголемување на енергетската ефикасност, отворање зелени работни места, посебно во индустријата и намалување на невработеноста преку нив.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски