СЈО и Советот на јавни обвинители не се договориле за „Пуч“, ама договориле нови средби

Од:

Советот на јавните обвинители и Специјалното јавно обвинителство разговарале за барањето на Советот да ги добие списите по предметот „Пуч“, стои во соопштението на СЈО и Советот.

Истражителите од СЈО и членовите на Советот одлучиле ваквите средби да продолжат по потреба и во иднина.

СЈО минатиот месец се откажа од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт била во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Новоизбраната членка на Советот на ЈО, Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието

Љупчо Коцевски единствен кандидат за државен јавен обвинител

Барањето за мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител е пристигнато во Советот, има 15 дена да го разгледа