СЈО: Без законот за заштита на сведоци, не може да се работат „Монструм“, „Сопот“ и „Мартин Нешкоски“

Од:

Со гласањето против измените кои ги бараше Катица Јанева, ВМРО-ДПМНЕ ја кочи работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Сме изјавиле повеќепати дека без тој закон не сме во можност да работиме на одредени предмети, велат за А1он од СЈО.

Јанева неколкупати побара од Собранието да измени во законот за заштитени сведоци со цел да се отворат случаите „Монструм“, „Сопот“ и „Мартин Нешкоски“ како и продолжување на мандатот на обвинителството со цел да се заврши преслушувањето на незаконски следените материјали.

Претходно, опструкции имаше и од други институции. Основното јавно обвинителство одбиваше да ги достави бараните предмети од СЈО, а Кривичниот суд ги одбива речиси сите барања на обвинителството.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање