СЈО бара Латас и браќата да бидат казнети, а викендичките во Зелениково одземени

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје беа изречени завршните зборови во случајот „Тревник“ на СЈО, за бесправно градење на викендичките во Зелениково на браќата Павловиќ, меѓу кои и новинарот Драган Павловиќ Латас.

Драган Павловиќ Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ, се обвинети за кривичното дело Бесправно градење затоа што во временскиот период од месец јули 2011 година до 24.01.2013 година во Општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, граделе без одобренија за градење издадени од надлежен орган.

„Од доказите на обвинението произлегува дека обвинетите  Драган и Срѓан Павловиќ градбата на објектите за домување  ја започнале во текот на месец јули 2011 година, а обвинетиот Звездан Павловиќ  во текот на месец ноември 2011 година па,  откако започнале со бесправната  градба,  на ден 12.12.2012 година до општина Зелениково поднеле барања  за издавање одобренија за градење за изградба на викенд куќи, со прикривање на фактот дека градбата на објектите е веќе започната, по  што од страна на општината се издадени три одобренија за градење од 24.01.2013 година“, соопшти Обвинителството.

На судењето беа изведени докази, меѓу кои и необјавени бомби и фактури, а било изготвено и вештачење.

Обвинетиот Драган Павловиќ во една од пуштените бомби во судницата вели „Зеко ние ако до октомври не го завршиме ова после тоа имаме проблем бидејќи немаме дозвола за градба“ за потоа да додаде „…ние прво немаме средено. Ако ние до октомври не го средиме почињаат изборни кампањи и никој не не е… Никој заради нас нема да се пенали таму да го пљукаат и ние немаме дозвола за градба, може сабајле да дојде да те руши. Ти си свесен колку е озбилна ситуацијата“.

„Обвинителството, со доказите изведени во текот на главната расправа, докажа надвор од секакво разумно сомневање дека обвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ сториле по едно кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од КЗ и барам од Вас, почитувани судија и членови на Советот, да донесете пресуда со која ќе ги огласите обвинетите за виновни и ќе ги осудите на казни согласно законот, а при тоа да ги имате во предвид сите околности кои влијаат врз висината  на казната, а барам  и примена на одредбата од чл.244-а ст.6 од Кривичниот законик за одземање на бесправно изградените недвижности“, кажа обвинителката пред судот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски