Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвениот крст на Град Скопје ќе го одбележи почетокот на Неделата за грижа за старите лица.
На настанот по повод Неделата, ќе бидат презентирани сегашните и идните предизвици за давање грижа за оваа ранлива категорија граѓани, како и можностите за имплементација на јавниот социјален сервис.