Сите села во чија близина има пожари се безбедни

Од:

Сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени со сите оние методи кои ги користи било која противпожарна служба во светот, информираа од Центарот за управување со кризи.

Помошник раководителката на секторот за операции и координација Марија Милкова информираше за состојбата со пожарите во моментов.

Денеска, информира таа, си замина Територијалната противпожарна единица и другата противпожарна опрема која беше дадена на помош од Република Бугарија.

-Денеска во утринските часови претставниците заминаа, голема благодарност за нивната укажана помош тие дојдоа во првите денови. Голема благодарност до Бугарија која во првите моменти ги даде на располагање нивните ресурси, кога беше најкритично, другата странска помош од Словенија, Австрија, авионот на Романското воено воздухопловство останува, посочи Милкова.

Во моментот, информира, се јавил пожар во Росоман, кавадаречко, во близина на мотелот Дреново. На терен, како што посочи, се екипи од ТППЕ од Кавадарци, полициски службеници. Сообраќајот на овој патен правец се одвива тековно, не е во прекин. Состојбата се следи.

Пожарот во делчевскиот регион село Разловци- Нов истевник, како што претходно соопшти ЦУК, е ставен во контрола, но тоа, како што посочи Милкова, не значи дека е целоно изгаснат, се уште на одредени места има чурење. Екипите на Територијалната противпожарна единица се таму, претставници на Армијата, локално население и одредени субјекти го следат пожарот за да не дојде до негово повторно разгорување.

Пожарот во Пехчевскиот регион, во село Будинарци е се уште активен. Таму гори висококвалитетна борова шума и таму на непристапен терен ангажирани се повеќе вработени од шумските стопанства, ЕВН, месно население, како и меѓународните тимови од Словенија, Австрија, трговски друштва. Армијата дејствува со 40 војници, во моментов таму дејствува и хеликоптерот на Армијата.

Друг пожар активен во моментов е во скопски Сарај, на потегот село Раовиќ – село Буковиќ – село Ласкарци. Таму гори нискостеблеста, мешана шума и висока трева на доста непристапен терен. Карактеристично, според Милкова, е тоа што оди горе кон сртот. На местото на пожарот има лица од Националниот парк Јасен, претставници од ТППЕ, се следи пожарот, таму ќе летаат и дронови за да го видат теренот и со време да биде локализиран овој пожар.

Пожарот во Петровец село Дивље, место викано Крушје е стигнат до селото, некаде позади црквата гори мешана шуима, пожарот се следи на лице место има претставници од ШС Караџица, 30 војници и единици на Теритоијалната притивпожарна бригада.

Активен пожар има и во Старо Нагоричане, село Дренак кој избувна синоќа во 20 часот, на потегот на село Дренак – село Жељубино – село Аљинце. На терен се претставници од Територијалната противпожарна бригада од Старо Нагоричане и претставници од месното население, но пожарот не е опасен.

-Пожарот во Прилеп, село Топлица, неколку дена таму гори, на три локации, во текот на денешниот ден таму околу 10 и 30 часот веќе дејствува авионот на Романското воено воздухопловство СПАРТА, очекуваме да се вратат и да ги дадат резултатите што ќе ги постигнат со гаснењето на овој пожар, информира таа.

Додаде дека пожарот кој синоќа избувна во Штип, село Драгоево – село Селце е изгаснат. Пожарот во битолско село Велушина кој избувна синоќа во 19:30 часот едно време беше ставен под контрола , но во утринските часови повторно е активиран и делумно е локализиран.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Пожарот над тетовско Селце надминува два километри линија на оган, пожарната и НП апелираат за помош од државните институции

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он