Сите македонски граѓани се извлечени од Кабул

Од:

Сите македонски граѓани кои биле во Кабул а биле планирани за евакуација, го напуштиле Авганистан. Премиерот Зоран Заев ги соопшти локациите каде се наоѓаат. Во однос на Авганистанците кои треба да бидат времено сместени во Македонија, Заев вели дека има луѓе кои ќе останат по три дена, но и по месец дена.

„Според последните информации од повеќе извори, сите граѓани кои беа пријавени за евакуација го имаат напуштено Кабул. 30 се во Велика Британија, 20 се во Доха, Катар, последните наши граѓани кои беа за евакуација вчера го напуштија Кабул и се во Осло, Норвешка. Сите граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани. Немаме информации за наш граѓанин кој бил планиран за евакуација, а да е останат таму“, рече Заев.

Државата ќе се грижи за сите Авганистанци се додека тие не ја напуштат државата.

„Околу 450-500 лица се. Имаме капацитети да го направиме тоа. Тоа не се бегалци, туку хуманитарци, луѓе кои се обидуваат да го подобрат животот во светот. Утре би стигнале првите граѓани, ќе ги имаме и викендов за згрижување. Ќе бидат сместени во хотелите. Во евиденцијата од граѓани, најголем дел имаат вакцина, тие кои немаат ќе имаат право на бесплатна вакцина“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан