Сите корисниците во најпогоденото подрачје од поплавите добија електрична енергија

Од:

ЕВН Македонија ги санираше сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион. Со интензивната работа на екипите на ЕВН Македонија на терен, во овие подрачја сите 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме се под напон и скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија.

Кај околу стотина корисници по нивно барање, се уште не е пуштена електричната енергија, бидејќи нивните подруми и домови се под вода и целосно е уништена внатрешната инсталација.

За овие корисници и натаму важи апелот да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли. Апелираме овие инструкции да се почитува за да се избегнат несакани последици бидејќи во домовите има мокри ѕидови и влажни електрични апарати и кабли. За да се избегнат несреќи од ваков вид граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и да бидат во целосна координација со екипите на ЕВН Македонија.

Екипите на ЕВН ќе останат на терен за санирање на евентуалните помали прекини во снабдувањето и ќе работат на замена на оштетената енергетска опрема. Заради точно информирање потенцираме дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил ниту ќе му биде наплатено за оваа услуга. Оттука, како невистинити и тенденциозни ги сметаме сите информации што се јавија на социјалните мрежи во кои се тврди спротивното.

Екипите на ЕВН Македонија со сите расположливи капацитети ќе работат на терен и во следните денови, за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди нормално снабдување со електрична енергија во сите населени места погодени поплавите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните