Сите форми на насилство врз младите се присутни во Македонија

Од:

Според најновите резлутати од истражувањето спроведено од Клиниката за психијатрија во соработка со Светската здравствена организација за ученици од четврта година во средните училишта и студенти од прва до четврта година, сите форми на насилство се присутни во Македонија.

Загрижувачки е фактот што 11 проценти од момчињата и девојчињата биле изложени на директна физичка злоупотреба, а дури 30 проценти од младите биле емотивно занемарени т.е. живееле во ситуација на негрижа, псичичко или физичко казнување или изразување на други негативни конотации кон нив.

Професор д-р Марија Ралева од Клиниката за психијатрија кон ова го додаде фактот по кој испитуваната средина се разликува од останатите и по тоа што сексуалната злоупотреба е позастапена кај момчињата отколку кај девојчињата.

– Физичката злоупотреба е меѓу најзастапените форми на злоупотреба, а емоционалното занемарување е се повеќе проблем кој го трпат младите во ова време на промени, транзиција и многу малку поминување заедничко време меѓу родителите и децата, соопшти Ралева.

Студијата укажува и дека сите видови злоупотреба имаат тенденција да кумулираат. Ризикот од конзумирање дроги, алкохол и самоубситво е значително зголемен поради негативните искуства од детството што предупредува дека на проблемите треба да им се пристапи сериозно, додаде Ралева.

Негативните иксуства од детството претставуваат главен ризичен фактор кој се поврзува и со пушењето, алкохолот, дијабетесот, депресијата, изјави Александар Бучарт, координатор за превенција од насилство во главната канцеларија на СЗО – Женева.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем