Средношколците од завршните години, денеска го полагаат првиот предмет од екстерното тестирање, но според последните информации, во дел од учиулиштата, системот за екстерно тестирање, утрово не работел, па повеќе од два часа матурантите чекале во училиштата за да го полагаат тестот.
Според Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестирањето се пријавени 19.931 матурант кои ќе полагаат тестови од два предмета.
Прелиминарните резултати ДИЦ ќе ги објави на 8 февруари. Од 8 до 10 февруари ќе трае поднесувањето приговори.
Иако Министерството за образование најави нов концепт на екстерното тестирање,преку дебати, сепак ја остави владината реформа по стариот концепт со образложение дека поради предизборието нема доволно време ниту интерес за образованието.