Системот партизиран, Антикорупциска не сака надлежности со кои би можела да апси и води истраги

Од:

Државната комисија за спречување корупција не сака зголемени надлежности со кои ќе може да апси и спроведува истраги. Претседателката Билјана Ивановска посочува дека ќе биде доволно само да се зголемат нивните капацитети за да можат побрзо и подобро да одговорат на сите предмети кои ги имаат. Според нејзе, работата на ДКСК оди во подобар правец откако е таа на чело на институцијата.

„Работите многу се променија во изминативе четири години, оставивме печат, горди сме. Нашиот труд го препозна ЕК, ја поправивме негативната оценка, добивме позитивна оценка. Но во борбата не можеме да бидеме сами. Институциите треба да постапуваат. Една птица не ја носи пролетта, цело е кога има се. Системот функционира кога функционираат сите делови“, кажа Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Децидна е дека има партизираност на системот и посочува: „Кога ја подготвувавме Националната стратегија за борба против корупција, ризикот од политичко влијание излезе најголем. Дадовме сугестии да се надмине“.

„Ако го погледнете нашиот закон, ние сме превентивно тело. Не постапуваме понатаму. По мене не треба да се зголемат надлежностите туку капацитетите на институцијата“, додаде Ивановска.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на Антикорупциска

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Ивановска: Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на ЕК