Системот на ФЗО во целосен прекин, докторите не можат да издаваат рецепти, ниту да закажуваат термини за тестирања и прегледи

Од:

Сервисот на Фондот за здравствено осигурување преку кој докторите закажуваат термини за прегледи и издаваат рецепти не работи од утринава. Поради ова, тие не можат да ги извршуваат своите редовни работни обврски, односно нивната работа е во целосен прекин.

Матичните доктори со кои контактираше „А1он“ велат дека немаат добиено известување од Фондот дека услугите ќе бидат во прекин, а неофицијално се информирале дека сервисот не работи бидејќи  изгорел главниот кабел од серверите.

„А1он“ се обиде да исконтактира со Фондот за здравствено осигурување, но неуспешно. Оттаму не одговорија на телефонските повици. Вработени во Фондот брифираат дека ниту тие не знаат колку време ќе трае дефектот, односно нефункционалноста на сервисите. Тие биле известени од ИТ-службата дека сервисерите работат, но не им било кажано дали ќе се отстрани проблемот до крајот на денот.

Докторите не знаат како да постапат во овој случај, кога системот е целосно нефункционален. Тие велат дека се оневозможени да постапуваат дури и ако треба итно да издадат рецепт. Исто така, под прашање е доведено и закажувањето на термин за тестирање на пациенти за Ковид-19, бидејќи не знаат дали функционира и тој сервис.

Би можело да ве интересира

Клековски: Нема пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев

Клековски: Интерната комисија располага со потребна документација, не верувам дека може да се заташка или да се влијае некако

А1он

Ревизорите откриле многу слабости во контролите во Фондот за здравствено осигурување

Горан Наумовски

Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО

Клековски: Пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од две милијарди денари на ФЗО

Горан Наумовски