Систем за управување со отпадни води на брегот на Преспанско Езеро

Од:

Половина милион долари се инвестирани во изградба на систем за управување со отпадни води во село Наколец на брегот на Преспанското Езеро, кој ќе биде пуштен денеска во употреба.

Изградени се канализациска мрежа со должина од 4,2 километри и современа пречистителна станица, со што се овозможува безбедно зафаќање и ефикасен третман на отпадните води од ова крајбрежно населено место. На тој начин, се придонесува кон заштитата на Преспанското Езеро и се подобрува и квалитетот на живот на локалното население.

Средствата за  инвестицијата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) во рамки на проектот за заштита на Преспанското Езеро. Општината Ресен и Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведува проектот со техничка поддршка на УНДП.

На пуштањето во употреба на новиот систем е најавено присуство  на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски.

Би можело да ве интересира

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

А1он

Истрагата откри: Албански државјанин се удави во Ораховачко Езеро

Момче се удави во езеро во Хрватска

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Полицијата уби џиновски сом во езеро во Баварија, повреди пет пливачи