Синоличка Трпкова: Незнаењето и простотилукот во комбинација со партиската послушност се синоним за успех

Од:

Актерката и професорка на ФДУ во Скопје, Синоличка Трпкова преку статус на Фејсбук се осврна на актуелната состојба во државава. Ви го пренесуваме во продолжение:

„Станавме земја без критериуми, затоа не нема подалеку од сопствените граници – немаме со што да конкурираме. Под многу нивоа сме на државен план, а алтернативата, која носи слободна мисла , се чува во затвор, под контрола од самата држава. Некомпетентни луѓе одлучуваат за нашата судбина, а народот ги прима нивните одлуки здраво за готово.

– Незнаењето и простотилукот во комбинација со партиската послушност се синоним за успех. Ентузијазамот е со одамна изминат рок. Тие што сеуште имаат сила и надеж – емигрираат. На останатите им збогтиса од лажги и си го прифатија камшикот на ДПМНЕ како судбина.

– Останаа поединци да бараат парче слобода и надеж. Дел од нив, со време, веројатно ќе замине. Полека стануваме „музеј земја“, – последен проект на владата на РМ“, напиша Трпкова на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап