Синоќа пукано во куќа во скопско Ченто

Од:

Во Скопје на ул.“16.“, во населбата Ченто, синоќа во 22.45 часот  непознати лица со огнено оружје пукале во куќата сопственост на А.Ф. (44), кој во моментот бил дома со семејството.

МВР денеска соопшти дека нема повредени лица, а од пукањето бил оштетен прозорец и фасадата од куќата.

На главната улица што минува покрај куќата пронајдени биле 13 чаури од пиштолска муниција со непознат калибар.

Причината за пукањето до овој момент не е позната. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип