Синодот на МПЦ одлучи да ги продолжи разговорите со БПЦ

Од:

Портпаролот на Светиот архиерјски синод на МПЦ-ОА, г. Тимотеј по денешната синодска седница изјави дека Синодот го прифатил извештајот од почнатите разговори на црковните комисии на МПЦ и БПЦ и дека одлучиле тие разговори да продолжат.

Тој истакна дека Синодот ги афирмира своите досегашни непроменети ставови и апелира до државните фактори и институции да го зачуваат Уставот на Македонија, да не се менува уставното име на земјата, како и да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик. Синодот порача да се сочува и унитарниот карактер на Република Македонија, како и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.

Со овој став на САС, додаде г. Тимотеј, целосно ги поддржуваат правата на останатите етнички заедници согласно Уставот на РМ.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што стои во Извештајот од седницата на првата комисија меѓу МПЦ и Бугарската православна црква и дали има некакви индиции што вчера во изјава ги кажа владиката Петар дека требало да биде јасно разграничено дека истоветноста на црквите не значи дека сме исти држави, ист народ и ист јазик со Бугарите и дека требало тука да се прецизираат. Рече дека никој од архиреите на МПЦ никогаш не го поставувал како прашање, ниту пак може да го поставува како прашање дека сме посебен народ, дека посебна држава и посебен јазик.

Така што, посочи г. Тимотеј, доколку некој има во глава такви размислувања или дилеми тоа е негов проблем, меѓутоа кај никој од архиереите, не само архиереите, туку сметам кон целокупното свештенство и монаштво нема такви размислувања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент