Сини картони и во втора смена

Од:

Подрачната служба Фондот за здравство во Скопје отсега ќе работи и во втора смена за да се обезбеди континуитет во давањето услуги на здравствените осигуреници и за намалување на гужвите пред шалтерите во една од најфреквентните установи.

– Имајќи предвид дека најголемата фреквенција е на шалтерите за печатење сини картони и шалтерите за пријави/одјави, од 01.01.2013 година се воведува втора смена од 15 часот до 19 часот за да работат три шалтери. Предвидено е два шалтера истовремено да работат на пријави, одјави и печатење сини картони, а еден шалтер да биде архива, каде би се поднесувале сите барања од правните лица и осигурениците – соопштуваат од Фондот за здравствено осигурување.

Лицата кои ќе можат да ги користат услугите од втората смена се: големи корисници, сметководствени бироа, приватни здравствени установи, со тоа што ќе се вршат услуги и за поединечни осигуреници и за итни и други случаи.

ВИДЕО: 24 Вести

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски