“Синџир” : 13 газди на македонски фирми одат во Шутка – одреден им е притвор

Од:

Судија во претходна постапка вчера, доцна вечерта, ги прифати барањата на Обвинителството во врска со осомничените во акцијата “Синџир”, потврдија за А1он од кривичниот суд.

Судот определил 13 ефективни притвори, 1 куќен притвор и 12 мерки на претпазливост.

Во врска со мерките за претпазливост сите 12 лица имаат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Со акцијата “Синџир” се опфатени 26 физички и 28 правни лица кои се товарат за злосторничко здружување, даночно затавјување и перење на пари и други приноси од казниво дело. Шест лица се во бегство, односно се недостапни за органите на прогонот.

Согласно Кривичниот законик за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 сторителот ќе се казни со казна затвор од една до десет години и со парична казна.

За кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

За делото злосторничко здружување, е предвидена казна затвор до три години.

Истражната постапка е против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.

При извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка, а воедно досега се приведени и 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, додека 6 лица се недостапни на органите на прогонот. Обвинетите испрале над 7 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Тетовец во станот на својата девојка криел таблети за стимуланс на централниот нервен систем

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета