Синдикатот на вработените во ЦУК бара да се надминат пропустите

Од:

Центарот за управување со кризи да не се третира како монета за партиско поткусурување, да се врати избришаното од Законот за управување со кризи дека за директор на ЦУК се бира лице кое најмалку шест години работело во сферата на одбраната и безбедноста, односно кризниот менаџмент и да престане разместувањето на професионални кадри, кои се независни, достоинствени, образовани (магистри и доктори на науки), потврдени професионалнo и во доменот на кризниот менаџмент и на домашно и на меѓународно поле.

Ова денеска го истакна претседателот на Синдикатот на вработените во Центарот за управување со кризи на Владата, Илија Бојаровски, кој рече дека треба да се престане со „упатување“ (вид на некакво решение за работа без цврсто законско покритие) на кое било место „во функција и за добро на ЦУК и државата“, да се почне со редовно унапредување на кадрите во ЦУК, според Закон, во повисоки звања, без партиски влијанија и да се воспостави дијалог со состаноци и комуникација со Синдикатот за заштита на правата.

Додаде дека досега како Синдикат од ЦУК двапати во 12 години реагираат јавно за заштита на правата, професионалноста, кариерата и стандардот во нивната работна средина.

Би можело да ве интересира

Бројот 112 да не се користи како информации и за секојдневни проблеми, повикуваат од ЦУК

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11