Синдикатот на одбраната и безбедноста бара награда за припадниците на МО и АРМ

Од:

Синдикатот на одбраната и безбедноста испрати барање за исплата на награда за припадниците на МО и АРМ, до Претседателот на државата, до Владата и до министерот за одбрана на Република Северна Македонија.

– Имено, во текот на вонредната состојба припадниците на МО и АРМ активно придонесуваат кон заштита на граѓаните на Р. Македонија и со својот труд и ангажман ја заслужуваат оваа награда, која што ќе значи оддавање на признание за нивниот зголемен ангажман, како и вреднување на нивниот придонес во остварувањето на целите на Република Македонија во борбата против вирусот, се вели во соопштението од Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Би можело да ве интересира

Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, тврди Министерството за одбрана

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата