Синдикатот на македонската дипломатска служба со поддршка за штрајкот на лекарите

Од:

Синдикатот на македонската дипломатска служба даде отворена поддршка на Самостојниот синдикат на Клинички центар и на сите здравствени работници „во настојувањето по легален и демократски пат да обезбедат учество во донесувањето одлуки во однос на регулирање на нивната професија“.

Од овој синдикат со соопштение пишуваат дека актуелниот штрајк е извонредно храбар. Го осудуваат потегот на судот кој го забрани штрајкот и наведуваат дека секој реформски зафат е осуден на неуспех доколку се наметнува, без консултации и договор со професионалците на кои тие реформи се однесуваат.

Би можело да ве интересира

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови