Синдикатот на Клинички центар најостро го осудува нападот на медицинската сестра

Од:

Синдикатот на Клинички центар најостро го осудува физичкиот и вербален напад на медицинската сестра од Клиниката за интензивно лекување и реанимација – КАРИЛ.

„Синдикатот на Клинички центар сака да го искаже својот револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници. Статус кој е резултат на долгогодишните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници и соработници. Во изминатиот период бевме сведоци на повеќе вакви немили настани поради кои се потпиша повелба и декларација со цел да се стопира ова насилство врз здравствениот персонал. За жал, сето ова очигледно остана без практична вредност и употреба. Ја цениме и поддржуваме заложбата на министерот за здравство за зголемување на безбедноста во кампусот клиники „Мајка Тереза“ и воведување полициски дежурства на критичните места каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти“, се наведува во соопштението испратено од синдикатот на Клинички центар.

Во соопштението се додава дека тие од надлежните институции бараат воспоставување систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници и 24-часовно професионално обезбедување во сите јавни здравствени установи во Република Македонија, а не само во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска