Синдикатот на Клинички центар го поддржува предупредувачкиот штрајк на СОНК

Од:

Синдикатот на Клинички центар го поддржува предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК. Оттаму велат дека здрава и образована популација се основа за развој на едно демократско и високо развиено граѓанско општество.

„Суштински елемент за формирање на квалитетен кадар се стручни и посветени на својата работа просветни работници. Професионалноста е поврзана со добра организација на образовниот систем, а мотивираноста кон работата е директно зависна од чувството на правилно вреднување на трудот и знаењето на работникот. Само стручен и мотивиран просветен работник може да создаде правилно формирани професионалци во работата“ се наведува во соопштението на ССКЦ.

Според Синдикатот на Клинички, одговорна Влада која се стреми кон систем сличен на високоразвиените демократии, треба да го реализира своето ветување и програма, и соодветно, а не со непристојни предлози да ги вреднува оние кои се одговорни за создавање на здрава и образована нација.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Беќаровски: Клинички со директор избран од Влада, а раководители на клиники да бидат вработени со 20 години искуство

Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се протести на Клинички

Катерина Ѓуровски

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост