Синдикатот на Клинички бара потпишување на договорот за покачување на платите

Од:

Да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер за здравство и Фондот за здравство, побара попладнево потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски, пред состанокот со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.

– Тие средства веќе се обезбедени, анексите се направени и коефициентите се средени, така што би требало да ја завршиме работата, нагласи Серафимовски.

Синдикатот бара под итно да се потпише договорот што го имале договорено пред три ипол-четири месеци.

– Инсистираме на потпишување за зголемување на плати, за медицинските сестри три илјади денари бруто, а за сите останати, значи јавна администрација, помош на технички персонал и доктори, по две илјади денари. Таков е договорот, рече Серафимовски.

Со барање за покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата, синдикатите минатиот месец излегоа на протест пред Клиничкиот центар и ГОБ ,,8 Септември” во Скопје, како и во други градови низ државата.

Би можело да ве интересира

Беќаровски: Клинички со директор избран од Влада, а раководители на клиники да бидат вработени со 20 години искуство

Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се протести на Клинички

Катерина Ѓуровски

Серафимовски: Синдикатот на Клинички центар повикан на средба со министерот Фатмир Меџити

Ана Ололовска

Синдикатот на Клинички го поддржува предупрдувачкиот протест организиран од КСС

Самостоен синдикат на Клинички центар: Да се реализира ветувањето за 40 отсто зголемување на платите во јавното здравство

Ана Ололовска

Шахпаска разговараше со синдикатот на Клинички центар околу неработната недела

Жарко Настоски