Синдикатите на полицијата и на одбраната бараат навремено и стабилно решение за буџетот

Од:

Македонскиот полициски синдикат и Синдикатот на одбраната и безбедност денеска побараа да се донесе навремено, конструктивно и стабилно решение во однос на деблокада во Собранието за донесување на буџетот на Република Македонија.

Во името и заради интересите на полицијата и на АРМ, односно на припадниците на безбедносните структури, упатија апел кон сите чинители на политичкиот живот во државата длабоко да размислат за тоа што го прават во законодавниот дом, но не само од економски или политички аспект.

– Повикуваме на размисла за последиците по внатрешната и надворешната безбедност во државата, бидејќи економската нестабилност, политичката криза, со сигурност предизвикува и безбедносна криза, рече на денешната прес – конференција Тихомир Климоски, претседател на македонскиот полициски синдикат. Според него, припадниците на полицијата повеќе сакаат нивна секојдневна работа да биде спречување и откривање криминалци, отколку, подвлече, секојдневни судири со демонстранти.

Како што истакна Ристо Ајтов од Синдикатот на одбраната и безбедност бараат донесување на буџетот, пред се затоа што за оваа година требаше одбранбениот буџет да се корегира во позитивна насока во однос на 2012 година.

– Секое ненавремено донесување за Република Македонија ќе значи далекусежни негативни реперкусии, а најглавната е ротацијата на мировните мисии во почетокот на 2013 година. Тоа како држава кандидат за членство во НАТО, особено за секторот – одбрана, ќе значи и несериозност како партнер кон сите останати земји кои партиципираат во мисиите, појасни Ајтов. Тој посочи дека доколку не биде навреме донесен буџетот, можно е финансиските реперкусии, меѓу другото да се одразат односно да се намали бројот на декларираните единици во НАТО мисиите.

На новинарско прашање какви се сознанијата на Синдикатот на обраната на објавените информации во некои медиуми за постоење корупција во однос на составувањето на списоците на припадниците на АРМ кои заминуваат во мировните мисии, Ајтов нагласи оти тој список го заклучува министерот за одбрана, а претходно го минува филтерот на началникот на ГШ на АРМ и преходно неопходната направена селекција на физичка кондиција, здравствените прегледи, досегашните резултати во работата…

– До нас неофицијално има пристигнато определени реакции, но тие се повеќе паушални, не се со конкретни докази. Се уште нема ниту еден припадник на АРМ кој заминал или е на списокот за заминување во мисија, а се пожалил дека му било побарано мито, појасни Ајтов.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена