За низа незаконитости и за хаосот на стратот на новата студентска учебна година, Синдикална организација на Факултетот за музички уметности – ФМУ при УКИМ, ги обвинува в.д. деканот Тодор Светиев и раководителот на работната група професор Димитрие Бужаровски.
Новата студентска учебна година започна на 1-ви октомври. На Факултетот за музичка уметност ФМУ започна незаконски.
Иако според Законот за високо образование распоредот на работни задачи за тековната година треба да биде истакнат на веб страната на факултетите најдоцна 10 дена пред почетокот на учебната година, ФМУ-Скопје се уште нема истакнато распоред на својата официјална веб страница.
„Се чини дека в.д. деканот проф. Тодор Светиев нема ниту намера во скоро време да ги објави работните задачи на професорите, имајќи предвид дека истите треба претходно да бидат усвоени од Наставно научен и уметничкиот совет на факултетот, а таква седница немала цел месец, а ниту пак е закажана во наредните денови. Самите професори минатата недела побараа итна седница на советот, токму за ова прашање, но се чини дека ова ќе биде трето одбиено барање за одржување вонредна седница на факултетот“, појаснува претседателот на синдикатрот на ФМУ професор Сони Петровски.
„Импровизациите во работниот процес, прекршувањето на закони и нелегитимното раководење без назначување на соодветни работни тела (како в.д. деканска управа) на ФМУ, најстарата институција за високо образование од областа на музичката уметност, веќе му нанесе сериозни штети и во функционирањето и на реномето, кои треба час поскоро да се санираат и санкционираат како не би довеле до комплетен колапс“ – вели композиторот и професор Дарија Андовска.
Со назначувањето на в.д. деканот Светиев пред два месеци, настанаа бројни проблеми што предизвика голем револт и незадоволство кај вработените, велат соговорниците професори на факултетот. Тоа доведе до бројни преставки и писма на вработените до сите релевантни институции во земјава. Вработените се обратија до Државниот просветен инспекторат, Ректоратот на УКИМ, Управата за финансиска полиција поради незаконското намалување на платите на вработените, Министерството за образование и наука и до Собранието на Р. Македонија.
„Демонстрирање на вакво самоволие е непознато во историјата на факултетот. В.д. деканот кој е назначен пред се за спроведување на избор на декан, изборот го става во мирување, наместо законските управни органи формира нелегална работна група која додека ги крати платите на останатите вработените безкурпулозно и незаконски ги зголемува сопствените. Проблемите се зголемуваат секојдневно што може да доведе до комплетен распад на образовниот процес на факултетот“ – вели професор Живојин Глишиќ.
Постапката за избор на нов декан од страна на в.д. деканот професор Тодор Светиев е стопирана без соодветна одлука од негова страна. Тој постапката ја стопира преку известување до вработените по електронска пошта поради, како што самиот наведува, „писменото укажувањето од страна на Ректорот на УКИМ професор Никола Јанкуловкси, а што според досегашните констатациои на надлежни државни институции, е незаконски и во моментот се во тек институционални постсапки за утврдување на незаконитостите.
Претседателот на Синдикалната организација на ФМУ-Скопје, професор Сони Петровски во својата изјава вели:
„Вработените се загрижени поради бројните груби прекршувања на Законот за високо образование и поради злоупотреба на службената должност од страна на на в.д. деканот и т.н. работна група на чело со проф. Димитрије Бужаровски.
Доколку итно не се стави крај на ваквиот однос кон факултетот, универзитетот и вработените, ќе бидеме принудени да се заштитиме себе си, колегите и студентите со сите можни законски и демократски средства. Засега, на иницијатива на синдикатот и вработените е извршен увид во состојбата од страна на Државниот просветен инспекторат и очекуваме итна реакција заради нормализирање на тешката ситуација“.