Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 година изнесува 65.328 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2025 год. која изнесува 64.698 денари е зголемена за 630 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 80.703 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалаци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули 2025 изнесува 23.683 денари спореден со јуни 2025 година (23.167 денари) е зголемена за 515 денари.
Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20%, додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25% .