А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Синдикалците протестираат против Митревски, полицијата не ги пушта да влезат на работните места

by А1он09/01/2017 - 12:1809/01/2017 - 14:29188
Share0

Дел од синдикалците протестираат пред зградата на ССМ против екс претседателот Живко Митревски под чија сопственост според нив е Сојузот на синдикатите. Полицијата која е присутна на протестот не дозволува синдикалците и в.д. претседателот Дарко Димовски да влезат на своите работни места, односно во зградата на ССМ.

Добивај вести на вибер

– Денеска кога доаѓавме на нашите работни места наидовме на катастрофа, зградата обиколена со специјалци и полиција. Не ни дозволија да влеземе, ние сме најдени во небрано, го известивме нашето членство да се собереме пред оваа зграда и на некој начин да ја одбраниме односно да си ги ослободиме нашите канцеларии од окупаторот Живко Митревски, ова е негово масло, рече в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Тој изјави дека нема добиено никакво решение од Министерството за труд и социјална политика за поништување на одлуката тој да биде в.д. претседател на ССМ.

– Одлуката за наводно поништување на решението со кое се оспорува легитимитетот на претседателот Дарко Димовски е уште една манипулација во низата манипулации кои ги прави Живко Митревски, рече Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ.

Предметот е во ЈО врз основа на што некој надлежен од министерството донел таква одлука да го поништи решението, до овој момент немаме видено такво решение и мислиме дека и тоа е манипулација, рече Грујовски.

Тој вели дека министерството не одредува кој ќе биде претседател туку Советот на ССМ и дека Живко Митревски е нелигитимен претседател.

„Ги повикуваме членовите на синдикатите, работниците и граѓаните кои се подготвени да ни дадат поддршка да дојдат пред зградата на ССМ и да му кажат збогум на Митревски, да му покажат дека местото му е надвор од ССМ и дека власта нема да може уште долго да го држи на апарати и вештачки да го одржува во живот“, стои во соопштението на синдикалците.

Инаку, во петокот беше физички нападнат в.д. претседатеот на ССМ, Дарко Димовски, за што синдикалците го обвинија Митревски.

„Живко Митревски со група од 40-тина рекетари, насилнички упадна во зградата на ССМ исфрлајќи ги работниците кои ја бранеа од неговото самовластие и криминали и со умисла повредија дел од работниците меѓу кои и в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски. Со тоа власта и рекетарите му овозможија на Живко Митревски несметано да ја резлизира својата болна идеја, да се ослободи од синдикатите кои му даваат отпор“, реагираа преку соопштение синдикалците.

Виктор Јованов

protestssm

Би можело да ве интересира

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 11:50

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Горан Наумовски17/03/2026 - 19:10

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 14:45

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 10:02

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски11/03/2026 - 11:0711/03/2026 - 11:07

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто