Син го прободе татка си со нож за да ја заштити неговата мајка

Од:

Синоќа околу 21 часот во селото Сушица, струмичко, додека Д.С.(33) се наоѓала во кујната, влегол нејзиниот сопруг Н.С.(39) и започнал да ја навредува и да и се заканува со физички напад.

Во исто време, во кујната се наоѓал и нивниот малолетен син, 15-годишниот Т.С., кој кога видел дека неговата мајка е во опасност се обидел да ја заштити така што застанал пред неа.

Н.С. револтиран од неговата постапка, со тупаница го удрил по лицето, а Т.С. исплашен за својата безбедност и безбедноста на својата мајка зел еден нож и го повредил Н.С. во пределот на стомакот.

Н.С. е пренесен во Медицински центар Струмица, каде што му била констатирана убодна рана во пределот на стомакот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата