Симулациска вежба за борба против сајбер криминал

Од:

Симулациска вежба за борба против сајбер криминал ќе почне денеска во Скопје во организација на iPROCEEDS, заеднички проект на ЕУ и Советот на Европа.

На вежбата ќе учествуваат истражувачи за сајбер криминал, специјалисти за дигитална форензика, финансиски инспектори, обвинители, единици за финансиско разузнавање, Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), како и претставници од приватниот сектор – ISP (интернет провајдери).

Активноста ја организира Канцеларијата за програмата против Сајбер криминал на Советот на Европа, преку заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа.

Вежбата ќе ја координира мултинационален тим на експерти од Ирска и Обединетото Кралство. Целта е да се воспостават поблиски врски меѓу професионалните заедници и истражувачите на сајбер криминал, лицата одговорни за сајбер безбедност, финансиски истражувачи/разузнавачи и приватниот сектор.

Во исто време, вежбата цели и кон адресирање на проблемите на координација и кооперација на најпрактичен начин кој ќе побара од учесниците да откриваат напади, да применат дигитална форензика, да посочат и да се справат со сомнителни финансиски трансакции и перење пари, како и да ги повлечат податоците преку каналите за меѓународна соработка.

Оваа активност е репликација на Координацијата за Сајбер криминал и Вежбата за партнерство организирана на национално ниво во Тбилиси, Грузија, од 24 до 28 април 2017 која се состоеше од 13 држави од Источниот партнерски регион, Југоисточна Европа и Турција и беа вклучени повеќе од 80 обвинители, истражувачи на сајбер криминал, финансиски истражувачи/разузнавачи и експерти за сајбер безбедност од Азербејџан, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, поранешна Југословенска Република Македонија, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Турција.

iPROCEEDS е заеднички проект на ЕУ и Советот на Европа за таргетирање криминални активности на интернет во Југоисточна Европа и Турција под Инструментот за претпристапна помош кој ги покрива Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Турција, Црна Гора и Косово. Проектот трае 42 месеца и има буџет 5,56 милиони евра.

Би можело да ве интересира

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

САД: Хакирани лични и банкарски информации на стотици илјади граѓани на Род Ајленд

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации